Раководството на Белгиската фудбалска федерација сака да го види легендарниот Французин, Тиери Анри, како нов селектор на репрезентацијата. Последниот ангажман на Анри беше како селектор на француската олимписка репрезентација, со која освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз.
Претходно, Анри веќе работеше во белгиската репрезентација како асистент на Роберто Мартинез, со кого ја водеше селекцијата на Светското првенство во Катар, каде што Белгија не успеа да ја мине групната фаза.
Доменико Тедеско е пред заминување од селекторската позиција, поради лоши односи со дел од најдобрите фудбалери на Белгија.
Репрезентацијата на Белгија е ривал на Македонија во квалификациите за СП 2026 година.
🔴 Les cadres du noyau des Diables pousseraient en interne pour que la piste Thierry Henry soit ÉTUDIÉE !
— Joueurs Belges 🇧🇪 (@JoueursBE) January 11, 2025
Mark Van Bommel et Erik Ten Hag seraient des options bien figées dans la tête de Mannaert.
Une décision devrait être prise d'ici la fin du mois.
(@sachatavolieri 🥇) pic.twitter.com/GcpgeGXnsL
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal