
Тиквеш продолжува со засилувањата во зимскиот трансфер период, покажувајќи амбиции за сериозна промена на тимот за пролетниот дел од сезоната. Клубот од Кавадарци, заедно со Вардар, се издвојува како еден од најактивните на трансфер пазарот.
По ангажманите на Арби Воша и на Даниел Миловановиќ, денеска беше претставено уште едно значајно засилување, хрватскиот интернационалец Филип Михаљевиќ.
Тој има сериозно искуство и во својата кариера има настапувано за бројни клубови, вклучувајќи ги Динамо Загреб, Локомотива, Широки Бријег, Видзев Лоѓ, Славен Белупо и Локомотив Пловдив. Неговиот последен клуб е ГОШК Габела.
Со овие засилувања, Тиквеш се обидува да ја подобри својата игра и да биде конкурентен во пролетниот дел од првенството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal