
Хајдук Сплит повторно се обидува да го донесе Един Џеко (38), објави турскиот „Фанатик“. Босанскиот напаѓач на крајот од сезоната ќе остане без договор со Фенербахче, што значи дека веќе може да преговара со други клубови заинтересирани за него.
Според турските медиуми, Хајдук му нуди едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
„Фанатик“ оваа ситуација ја опишува како „неочекувана“, иако евентуалното пристигнување на Џеко во Хајдук беше главна тема во летниот трансфер период во 2023 година. Тогаш долго се пишуваше дека Џеко и Иван Ракитиќ (36) ќе прејдат во култниот тим од Сплит.
На крајот, Ракитиќ навистина потпиша за Хајдук и стана еден од најдобрите играчи во првиот дел од сезоната, која сплиќани ја завршија на второто место.
Џеко е капитен на Фенербахче и еден од клучните играчи на тимот под водство на тренерот Жозе Мурињо. Иако е блиску до својот 40-ти роденден, оваа сезона има постигнато 14 голови и четири асистенции на 27 настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
