
Белгискиот интернационалец и ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, е во контакт со клубот Сан Диего од МЛС лигата, јавуваат медиумите на Островот.
Де Бруин, кој во моментов има 33 години, претпочита да ја продолжи кариерата преку Атлантикот, наместо да се пресели во Саудиска Арабија, каде што исто така има интерес за него.
Играчот од средниот ја разгледува можноста за нов предизвик во Соединетите Американски Држави, што ја покажува неговата желба за промена по долгите години во Европа.
Во оваа сезона, Де Бруин одигра 18 натпревари за Манчестер Сити, на кои постигна два гола и забележа три асистенции. Неговиот тековен договор со Граѓаните е до летото 2025 година, а вредноста на играчот во моментов е околу 35 милиони евра.
Ако одлучи да премине во МЛС лигата, Де Бруин ќе биде новото големо име во шампионатот каде веќе настапуваат и Меси, Бускетс, Алба…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
