Поранешниот холандски напаѓач Патрик Клајверт е новиот селектор на националниот тим на Индонезија. Според информациите, договорот на Клајверт е со траење од две години, со можност за продолжување за уште 24 месеци. Официјалното претставување на новиот селектор е закажано за 12 јануари.
Клајверт ќе го преземе местото на Шин Те-Jон, кој беше ослободен од функцијата.
Клајверт последно работеше како тренер на турскиот клуб Адана Демирспор. Претходно, тој беше селектор на националниот тим на Курасао две години. Како играч, Клајверт настапуваше за клубови како Ајакс, Милан, Барселона, Њукасл, Валенсија, ПСВ и Лил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













