Винисиус Жуниор е играч кој ги доведува повеќето противници до лудило, и нема сомнеж дека многумина би сакале да го нокаутираат среде терен. Пабло Мафео е еден од нив, а фудбалерот на Мајорка тврди дека би го „завршил“ Бразилецот за 10 секунди во боксерски меч.
Пабло Мафео е само еден од многуте фудбалери кои имаат историја на конфликти со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Судирот меѓу нив започна пред една година, кога во дуелот меѓу Мајорка и Реал Мадрид, Мафео одлучи да го испровоцира Бразилецот со гестикулации, нарекувајќи го „обичен плачко“.
Имаше два инциденти, во кои Мафео требаше да добие црвен картон.
„Имав среќа и нема оправдување за тоа. Тоа беше чист црвен картон“, изјави Мафео, осврнувајќи се на еден од инцидентите. „Вториот старт што го имав против него не беше за црвен картон. И тука имав среќа што четвртиот судија беше близу и виде дека нема интензитет за исклучување.“
Јасно е дека дефанзивецот на Мајорка не го поднесува Винисиус, а сега тврди дека би го нокаутирал во боксерски меч за 10 секунди.
„Тоа е сосема друг свет, но верувам дека тоа би била најгледаната борба во историјата“, вели Мафео и додава:
„Сметам дека би победил, без никаква дилема. Би го нокаутирал за 10 секунди“, изјави Мафео.
Фудбалерот признава дека едноставно не го сака Реал Мадрид и дека поради тоа е пожесток во дуелите со овој тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













