
Дерби-натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, планиран за утре, би можел да биде одложен поради екстремни временски услови. Националната метеоролошка служба на Велика Британија издаде предупредување за обилни снежни врнежи во северниот дел на Англија.
Се очекува интензивен снег, придружен со силен источен ветер. Предвидувањата се дека снежната покривка ќе биде меѓу 3 и 7 сантиметри на повеќето места, а на терени со надморска височина над 150 метри може да достигне 15 до 30 сантиметри (градот Ливерпул е на 70 метри надморска височина). Овие временски услови би можеле сериозно да го нарушат сообраќајот, да предизвикаат доцнења и евентуално откажувања на летови и железнички линии, како и да остават патници заглавени или возила напуштени на патиштата.
Предупредувањето, кое соодветствува на „портокалов код“ за опасно време, ќе биде на сила од 21 часот вечерва до полноќ утре.
Инаку, слична ситуација веќе предизвика одложување на натпреварот меѓу Евертон и Ливерпул на 7 декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона повторно се загреа за Нико Вилијамс

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези

Евро-фудбал
Кевин де Бруин потпиша за Наполи

Евро-фудбал
Родриго останува во Реал Мадрид
