
Ла Лига и Фудбалскaта федерација на Шпанија објавија соопштение во кое информираат дека и третото барање на Барселона за регистрација на Дани Олмо и на Пау Виктор е одбиено.
Барселона доставила дополнителна документација, па дури и финансиски гаранции дека сега конечно ги задоволува барањата за финансиски ферплеј, но проблем е правилото кое вели дека еден фудбалер на кој му е прекината регистрацијата не може повторно да биде регистриран истата сезона во ист клуб. Слична беше ситуацијата своевремено и со Лионел Меси кој мораше да замине во ПСЖ.
Медиумите во Шпанија пишуваат и дека ваквата одлука на Ла Лига е под притисокот на останатите клубови кои жестоко реагираа по најавите дека Фудбалската федераџија ќе дозволи регистрација на шпанскиот репрезентативец.
Барселона сега може да упати нова жалба до судот, но веќе беа одбиени двапати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski