Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски има фантастичен настап на голот на Валенсија во натпреварот против Реал Мадрид на „Месталја“. Тој блесна со своите интервенции и остана несовладан, дури и при пенал во 55. минута, изведен од Џуд Белингам.
По прекршокот над Килијан Мбапе, Белингам се обиде да го совлада Димитриевски од белата точка, но нашиот голман го погоди правецот на ударот, а топката заврши во дирекот.
BELLINGHAM FALLA EL PENALTI
— nen (fan) (@FCB_nenn) January 3, 2025
SON LA VERGÜENZA DEL FÚTBOL
pic.twitter.com/pMExdT8HWv
Претходно, во првото полувреме, Димитриевски забележа неколку клучни одбрани, вклучувајќи и зицер против Винисиус Жуниор, со што значително придонесе за играта на својот тим и го задржа Реал Мадрид без гол во досегашниот тек на натпреварот. Валенсија има предност од 1-0 со голот на Хуго Дуро во 27.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













