
Дефанзивецот на Челси, Весли Фофана, најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на тетивата, изјави тренерот Енцо Мареска. Фофана се соочува со сериозни предизвици со повредите, откако ја пропушти целата сезона 2023/24 поради операција на предните вкрстени лигаменти во претсезоната, но ја започна новата сезона силно, претставувајќи темел на одбраната на Мареска.
Овој 24-годишен фудбалер започна на секој натпревар за Челси пред да се повреди против Астон Вила минатиот месец.
„За жал, Вес ќе отсуствува подолг временски период“, изјави Мареска на прес-конференцијата пред саботното лондонски дерби против Кристал Палас.
Челси беше второпласиран на табелата на почетокот на декември, давајќи надеж на своите навивачи за борба за титулата. Но, еден месец подоцна, клубот падна на четвртото место, со 10 бодови зад лидерот Ливерпул, кој има и натпревар помалку.
Фофана се приклучи на Челси летото 2022 година од Лестер за трансфер вреден 80,4 милиони евра. Тој потпиша договор на седум години со „сините“, а неговиот трансфер е четвртиот најскап во историјата на клубот. Само Енцо Фернандез (121 милион евра), Моисес Каиседо (116 милиони евра) и Ромелу Лукаку (113 милиони евра) се поскапо платени фудбалери во историјата на Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski