
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има амбициозен план да се опорави од негативниот старт на сезоната, ангажирајќи двајца клучни играчи во јануари. Според информациите од Островот, главните цели на Сити се голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт Омар Мармуш и фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Едерсон.
Цената на двајцата играчи се проценува на околу 50 милиони фунти, што значи дека „граѓаните“ ќе мораат да потрошат најмалку 100 милиони фунти ако сакаат да ги доведат.
Сити, сепак, ќе мора да се бори со конкуренцијата од други големи клубови во Премиер – лигата, како Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед, кои исто така покажуваат интерес за двојцата фудбалери.
Дополнителна пречка за Манчестер Сити може да биде тоа што и двата клуба, Ајнтрахт и Аталанта, се во клучни моменти во своите сезони, Ајнтрахт на третото место во Бундес-лигата и Аталанта на врвот во Серија А, па не е јасно дали ќе се согласат да се разделат со своите ѕвезди во зимскиот трансфер прозорец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal