
Барселона го отпуштила клупскиот готвач откако напаѓачот Роберт Левандовски се пожали на квалитетот на храната што им се сервира на играчите, објави каталонскиот „Спорт“.
Полјакот му се пожалил на тренерот Ханси Флик за лошо приготвените јајца, кои го правеле да се чувствува непријатно. Потоа, Германецот побарал од раководството на клубот да го замени готвачот со нов професионалец кој ќе одговара на високите стандарди.
Во врска со ова, веќе некое време се спроведуваат интервјуа со кандидати за оваа одговорна позиција.
Кога Флик пристигна во Барселона, тој донесе и диетолог кој креира индивидуални програми за играчите. Сопругата на Левандовски, исто така, е диетолог по професија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal