
Жозе Мурињо, еден од најголемите фудбалски стручњаци во последните две децении, планира да ја заврши својата клупска тренерска кариера во Фенербахче и потоа да премине на селекторска позиција во некоја национална репрезентација.
Кога ќе му истече договорот со Фенербахче во 2026 година, Мурињо ќе се посвети на репрезентативниот фудбал, со амбиција да освои трофеи на Европско или Светско првенство.
„Сакам да водам тим на големи натпреварувања и да ја обединам нацијата околу репрезентацијата, како што тоа го правев во клубовите“, изјави Португалецот.
Мурињо веќе бил поврзуван со репрезентации како Португалија, Бразил, и Саудиска Арабија, но досега остануваше во клупскиот фудбал.
Мурињо моментно е фокусиран на проектот во Фенербахче, каде што има за цел да ја врати шампионската титула по повеќе од една деценија. Сепак, почетокот на неговото патување во Истанбул не беше без предизвици, но тој најави дека останува во клубот и следната сезона, со големи планови за успех.
Според најавите, работата во Фенербахче ќе биде неговата последна клупска должност, по што ќе се насочи кон репрезентативна активност. Неговата цел е да остави белег и на национално ниво, додавајќи уште поглавја на неговата богата тренерска кариера, која вклучува успеси со тимови како Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, и Рома.
Ќе биде интересно да се види која репрезентација ќе го добие Специјалниот како свој селектор, и какво влијание ќе има тој во репрезентативниот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа
