
Агентот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, Енди Бара, изјави дека неговиот клиент нема никаква намера да ја напушти Барселона, и покрај реалната закана дека можеби нема да биде регистриран за втората половина од сезоната.
Како што е познато, каталонскиот клуб не успеа да го регистрира Дани Олмо до синоќа до полноќ, но најверојатно ќе добие уште 72 часа за решавање на проблемот.
Од клубот веќе испратиле целосна документација за продажбата на ВИП местата на „Спотифај Камп Ноу“ за следните 20 години, што ќе обезбеди приходи од 100 милиони евра. Со оваа сума, Барселона ќе може доволно да го подобри своето финансиско состојба за да регистрира играчи и истовремено да ги исполни нормите на Ла Лига според правилото 1:1 – клубот да троши толку колку што заработува. Сепак, Ла Лига бара авансна сума како доказ.
„Одлуката што ја донесе Дани е да остане во Барселона, бидејќи тој сака да игра за Барса“, изјави агентот на фудбалерот.
„Не размислуваме за друга опција. Дани сака да игра за Барселона“, додаде менаџерот на шпанскиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
