Реал Мадрид стапил во контакт со Ливерпул за потенцијален трансфер на Трент Александер-Арнолд уште во јануари. „Кралскиот клуб“ го посакува англискиот десен бек во првите денови од 2025 година.
Ливерпул одбил да започне преговори за продажба на десниот бек и нема намера да се раздели со него во јануари. Сепак, тоа нема да го спречи Реал Мадрид, кој од 1 јануари може слободно да преговара со играчот за да му се приклучи во јули, кога ќе биде слободен агент.
Се верува дека Трент Александер-Арнолд сè уште не донел конечна одлука и му дава мала предност на Ливерпул да му понуди договор кој ќе ги исполни неговите очекувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













