
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, подготвил листа со посакувани нови засилувања, а дел од нив треба да пристигнат уште во јануари. Стратегот идентификувал пет фудбалери со кои планира да ја промени ситуацијата кај „граѓаните“. Тимот е во кошмарна форма, со само една победа во последните 13 натпревари.
Во моментот, актуелниот шампион на Англија се наоѓа на седмото место во Премиер – лигата, далеку од врвот.
Манчестер Сити ќе се обиде да купи најмалку тројца од играчите посакувани од Пеп уште во јануари. Сепак, целата листа е подготвена за следните два трансферни периоди. На неа се наоѓаат следниве имиња: Марк Гуехи (Кристал Палас), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Мартин Зубименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл).
За оваа цел, Сити ќе треба сериозно да ја отвори касата во следниот трансферен период. Целта на Пеп Гвардиола е да го освежи тимот и да се справи со некои долготрајни повреди, како онаа на Родри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
