Арсенал се интересира за играчот за врска на Севилја, Лусиен Агуме. 22-годишниот фудбалер одигра одлична сезона на „Рамон Санчес Пижуан“, што го привлече вниманието на „топчиите“, објавува „Фут Меркато“.
Младиот талент беше откупен од Севилја летово, откако претходно беше во клубот како позајмен играч од Интер. Агуме прикажува сѐ подобри настапи со тимот на Андалузијците, а оваа сезона речиси е незаменлив во средниот ред, со учество на 18 натпревари во сите натпреварувања.
Агуме има настапувано за сите младински категории на Франција. Пред да пристигне во Севилја, беше дел од академиите на Сошо и на Интер. Во периодот од пет години кај „нерoаѕyрите“, не успеа да се наметне во првиот тим, па беше испраќан на позајмици во Специја, Брест и Троја, пред конечно да најде постојано место во Севилја.
Агуме може да игра како централен играч за врска или дефанзивен играч за врска. Моменталната цена му изнесува околу 10 милиони евра, што не би било проблем за Арсенал ако одлучат да го донесат на „Емирати“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













