
Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, изрази задоволство од победата со 4-1 над Сампдорија и пласманот на неговиот тим во четвртфиналето на Купот на Италија. Сепак, тој призна дека екипата не е во најдобра форма, бидејќи, како што истакна, „инаку немаше да биде повикан“.
„Екипата не е во добар период, инаку немаше да ме побараат, ха-ха. Мораше да покажеме реакција по слабото второ полувреме против Комо. Момците покажаа желба за победа. Тие имаат квалитет, но тоа не е доволно. Покрај квалитетот, потребни се чувство на припадност и борбен дух. Против Комо не трчавме доволно како тим и оставивме многу лош впечаток“, изјави тренерот на Рома.
Раниери, кој има 73 години, се очекува да ја води екипата само до крајот на сезоната. Тој ги коментираше шпекулациите за неговиот наследник.
„Го разбирам интересот на медиумите за ова прашање, бидејќи е важно да се создаде соодветна атмосфера. Во моментов, ние сме фокусирани само на нашите настапи во првенството. Ако не играме добро, нема да можеме да привлечеме тренер од врвен калибар“, заклучи искусниот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ
