Connect with us

Манчестер Сити сака на лето да го доведе Џошуа Кимих

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, би можел да се пресели во Манчестер Сити. Англискиот клуб покажува интерес да го доведе германскиот играч за врска во своите редови следното лето како слободен агент.

Договорот на Кимих со Баерн е со важност до 30 јуни 2025 година.

29-годишниот Кимих ќе преговара за нов договор со Баерн, а поинтензивни разговори се очекуваат по 1 јануари. Играчот лично ќе ги води преговорите со клубот.

Кимих е дел од Баерн од 2015 година. Оваа сезона има одиграно 14 натпревари во Бундес – лигата и забележано три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови