Чави Хернандез би можел да го прекине одморот и порано да се врати на тренерската сцена. Според информации од Каталонија, Чави веќе започнал разговори со Милан.
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, е под сериозен притисок поради критиките од јавноста и навивачите. Подолго време се зборува за негова смена, а оваа недела беа спомнати неколку потенцијални наследници. Покрај имињата на Манчини, Алегри и Сари, најновото име во игра е Чави Хернандез.
Откако летово се раздели со Барселона, Чави изјави дека планира да одмара до следното лето. Сепак, тренерското место во Милан би можело да го натера да ја преиспита својата одлука.
Во својата тренерска кариера, Чави го предводеше катарскиот Ал-Сад од 2019 до ноември 2021 година, кога ја прифати понудата од Барселона. Со каталонскиот тим ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија во сезоната 2022/23. Меѓутоа, беше отпуштен на крајот од минатата сезона поради неуспехот на тимот да освои нови трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













