Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, сè повеќе се приближува до тоа да го напушти клубот. Тој го навести тоа и во последното интервју во англиските медиуми.
Шпекулациите околу можниот трансфер на Рашфорд се зголемија уште повеќе во неделата, кога не беше вклучен во составот за градското дерби против Манчестер Сити, кое заврши со победа од 1-2 за Манчестер Јунајтед.
Новиот менаџер Рубен Аморим, го објасни ова решение со фактот дека Рашфорд не е на потребното ниво за да игра.
27-годишниот напаѓач, кој е производ на академијата на Јунајтед и игра во клубот веќе две децении, изјави:
„Мислам дека сум подготвен за нов предизвик и да го направам следниот чекор во својата кариера. Кога ќе заминам, нема да имам лоши чувства. Нема да слушнете ништо негативно од мене за Манчестер Јунајтед. Јас едноставно сум таков човек. Ако стигнавме до оваа ситуација, да не ја влошуваме повеќе. Гледав како други играчи заминуваат во минатото, но не сакам да бидам како нив. Кога ќе заминам, ќе има официјално соопштение и тоа ќе биде тоа“, изјави Рашфорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal