Connect with us

Милевски и Барди не го погодија победникот, новинарот Дургутов гласаше за Винисиус

ФИФА официјално го прогласи Винисиус Жуниор за најдобар играч во светот, откако Бразилецот доби најголема поддршка во гласањето кое го спроведоа селекторите, капитените на репрезентации и новинарите од сите земји-членки на ФИФА.

Винисиус доминираше во сите категории, освојувајќи вкупно 1.147.276 поени. Второто место го освои Родри од Шпанија со 264.835 поени, додека на третата позиција заврши англискиот интернационалец Џуд Белингам.

Гласовите од Македонија

  • Селекторот Благоја Милевски:
    1. Дани Карвахал
    2. Џуд Белингам
    3. Родри
  • Капитенот Енис Барди
    1. Родри
    2. Винисиус Жуниор
    3. Ерлинг Халанд
  • Новинарот Мијалче Дургутов
    1. Винисиус Жуниор
    2. Родри
    3. Дани Карвахал

Изборот на Дургутов се покажа најпрецизен, бидејќи го идентификуваше победникот Винисиус Жуниор, додека останатите претставници не успеаја да го стават на прво место.

Со ова признание, Винисиус Жуниор дополнително го зацврсти својот статус како еден од најдобрите играчи на својата генерација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови