
Легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри, го оцени пристапот на „топчиите“ во нападот како премногу предвидлив, посочувајќи го тоа како главна причина за скромниoт ефект на лондонскиот клуб пред противничкиот гол.
Во последните недели, играчите на Микел Артета се подложени на критики поради недостатокот на креативност во нападот и преголемата зависност од статични ситуации за постигнување голови.
„Би рекол дека се многу предвидливи. Секако, не велам дека не е добро да постигнуваш голови од статични ситуации. Тоа е неверојатно. Но, последните три гола во првенството се сите од такви ситуации. Кога ќе го погледнете Ливерпул, гледате како Салах продира и има различни опции во нападот. Гледате како Дарвин Нуњез, Диого Жота, па дури и Џо Гомес, трчаат. Во Арсенал, знаете дека Сака ќе ја врати топката на Одегард, а Мартинели нема да се впушти во дуел еден на еден“, изјави најдобриот стрелец во историјата на клубот, Тиери Анри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski