
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, ќе биде прогласен за најдобар српски фудбалер за 2024 година и ќе ја освои „Златната топка“ кај нашиот северен сосед.
Ова ќе биде прво вакво признание за Влаховиќ. Тој ќе го наследи Александар Митровиќ, кој ја доби оваа награда во 2022 и 2023 година. 24-годишниот напаѓач има 14 натпревари и сеудм голови за Јувентус оваа сезона во Серија А, пет натпревари и четири погодоци во Лигата на шампионите, а за репрезентацијата на Србија досега постигнал 13 голови на 32 натпревари.
За тренер на годината ќе биде прогласен стратегот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ. Со тоа, Милојевиќ ја прекинува доминацијата на сегашниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, кој ја освојуваше оваа награда во претходните години. Ова е трета ваква награда за Милојевиќ, откако ја освои во 2016 и 2017 година.
Црвена Звезда повторно е шампион на Србија за изминатата сезона 2023/24, а исто така се пласира и во новиот формат на Лигата на шампионите.
Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи утревечер, кога ќе бидат објавени сите добитници на признанијата во српскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ
