Напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар, им кажал на соиграчите дека ќе се пресели во Интер Мајами за време на летниот трансфер период, пренесува „Скај Спорт Швајцарија“.
Според информациите од изданието, кои се повикуваат на извори од Саудиска Арабија, одлуката на Бразилецот може да биде поврзана со желбата за поголема финансиска заработка.
Договорот на Нејмар со Ал-Хилал важи до летото 2025 година. 32-годишниот Бразилец оваа сезона одигра два натпревара за клубот. Претходно, тој се опоравуваше една година од повреда на предните вкрстени лигаменти и скинат менискус.
Доколку прејде во Интер Мајами, Нејмар ќе се обедини со своите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













