Фудбалерот на Челси, Михајло Мудрик, паднал на допинг-тест, пренесуваат медиумите во Украина.
Офанзивецот, за кого Челси минатата година во јануари плати 70 милиони евра и го доведе од Шахтјор Доњецк, бил позитивен на допинг-тест направен пред два месеца, па сега го чека отворање на Б-тестот.
Украинскиот фудбалер наскоро треба да се огласи за овој случај, а му се заканува суспензија која може да трае до четири години.
Мудрик пристигна на „Стенфорд Бриџ“ како големо засилување, но 23-годишниот играч досега не ги оправда големите очекувања.
Последниот натпревар во дресот на „сините“ го одигра против германскиот Хајденхајм на 28 ноември во Конференциската лига, а отттогаш не беше ни во протокол, со објаснување од клубот дека е болен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













