
Италијанскиот првак Интер одигра неверојатен натпревар на „Олимпико“ и го прегази Лацио на гости со 0-6. Симоне Инзаги немаше милост против својот некогашен клуб, а неговите избраници беа неверојатно ефикасни.
Хакан Чалханоглу од пенал го отвори резултатот во 41.минута, а пред паузата Федерико Димарко зголеми на 0-2.
Во вториот дел се случи тотален дебакл за домаќинот, откако Интер постигна уште три гола.
Николо Барела упати вистинска „бомба“ во 51.минута, а две минути подоцна Дензел Дамфрис погоди со глава за 0-4. До крајот стрелаа и Карлос Аугусто и Маркус Турам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal