Раководството на Салцбург донесе одлука да го отпушти тренерот на тимот, Пеп Лијндерс. Заедно со него заминува и неговиот помошник Витор Матош, соопштија од австрискиот клуб.
Линдерс, кој се прослави во европскиот фудбал како помошник на Јирген Клоп во Ливерпул, го напушта Салцбург без значајни успеси.
Тој беше на чело на австрискиот гигант шест месеци. Иако тимот обезбеди пласман во Лигата на шампионите, настапите во домашната Бундес-лига не ги задоволија очекувањата на раководството, кое донесе одлука да го разреши главниот тренер.
Клубот ги оцени резултатите како „незадоволителни“. Во моментов, Салцбург се наоѓа на петтото место на табелата, со десет бодови заостанување зад првопласираниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













