
Навивач на Манчестер Сити почина за време на дербито со Манчестер Јунајтед на стадионот „Етихад“, соопшти англискиот клуб. Оваа трагична вест „граѓаните“ ја објавија на социјалните мрежи.
Сити драматично загуби на домашен терен со 1-2, откако „црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт во завршните минути од натпреварот.
„Манчестер Сити со жалење информира за трагичната вест дека еден од нашите навивачи почина на стадионот поради медицински инцидент за време на вчерашниот натпревар. Мислите на сите во клубот се со семејството и блиските на навивачот во овој тежок момент“, напишаа од Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal