Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, откри дека води разговори со клубот за продолжување на неговиот договор. Тековниот договор на 31-годишниот Англичанец истекува на крајот од сезоната, но клубот има опција еднострано да го продолжи за дополнителна година.
Поранешниот капитен, кој заработува 190.000 фунти неделно, повеќе пати беше блиску до заминување од „црвените ѓаволи“, но изгледа дека не само што ќе го одработи договорот, туку би можел и да потпише нов.
„Гледајте, навистина не размислувам за тоа. Сè уште има време до крајот на сезоната, а клубот ја има опцијата за продолжување. Но, да, разговорите продолжуваат и сите сигнали во моментов се позитивни. Разговорите што ги водам се охрабрувачки“, изјави Мегваер.
Во меѓувреме, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, го пофали Мегваер за неговата игра во дербито со Манчестер Сити.
„Мегваер е совршен кога играте со тројца во одбраната. Мислам дека тој е идеален на средината. Со стилот на игра со долги топки кон напаѓачот, треба да бидете навистина силни. Мислам дека тој одлично си ја заврши работата. Неговите соиграчи исто така”, изјави португалскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal