
Големиот талент на Барселона, Ламин Јамал, заработи нова повреда која ќе го оддалечи од терените од три до четири недели, според официјалното соопштение на каталонскиот клуб. Младиот фудбалер се повреди за време на синоќешниот пораз на домашен терен од Леганес со 0-1 и принудно беше заменет во 75. минута.
„Играчот Ламин Јамал доби повреда на десниот скочен зглоб за време на вчерашниот натпревар против Леганес. Тестовите спроведени утрово покажаа повреда од прв степен на предниот лигамент. Очекуваното времетраење на опоравувањето е меѓу три и четири недели“, соопшти Барселона.
Минатиот месец, Јамал исто така имаше проблеми со зглобот, поради што беше отсутен од терените речиси три недели.
Ова значи дека Јамал сигурно ќе го пропушти дербито со Атлетико Мадрид викендов, кое е и последниот натпревар во годината за Барселона. 17-годишниот играч нема да биде достапен и за дуелот со аматерскиот Барбастро во Кралскиот куп, а под сериозно прашање е и неговото учество во натпреварот од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао на 8 јануари, кој ќе се игра во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski