
Ливерпул ќе може повторно да смета на Диого Жота за денешниот натпревар во кој го пречекува Фулам во Премиер – лигата, откри менаџерот Арне Слот, додека враќањето на Федерико Киеза е помалку сигурно. Жота не играше од крајот на октомври, кога ги повреди ребрата, а поради мускулна повреда, Киеза има само 18 минути поминати на теренот во англискиот шампионат, откако пристигна од Јувентус.
Слот информираше дека и двата играчи се опоравени од повредите.
„Тоа што му е потребно на Киеза е играчко време. Ако не си играл пет или шест месеци, понекогаш е тешко за менаџерот да ги даде тие минути, бидејќи не знае што да очекува“, изјави Арне Слот.
„Можеби натпреварот со Саутемптон во четвртфиналето на Лига купот во среда ќе биде добра можност да му дадам повеќе минути. Тој треба да биде целосно подготвен физички и му треба играчко време, но не секогаш е лесно тоа да се постигне“, додаде Слот.
Менаџерот на Ливерпул очекува реакција од своите фудбалери по победата во Лигата на шампионите со 0-1 против Џирона, кога рече дека „не е задоволен“, и покрај задржувањето на стопроцентниот ефект на тимот во европските предизвици.
„Не можеме да дозволиме толку многу шанси за противникот, како што беше во првото полувреме. Ако играте против уште подобри тимови, тоа ќе ве повреди“, изјави Арне Слот и додаде:
„Овие фудбалери сепак беа исклучителни во секој натпревар претходно. Тоа не беше нашата најдобра изведба, но сепак беше доволно добро за да победиме натпревар од Лигата на шампионите како гости. Треба да се покажеме многу подобро против Фулам, за да можеме да постигнеме добар резултат.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
