Connect with us

Бараха пред отказ во Валенсија

Валенсија е во критична ситуација во Ла Лига, каде што клубот е на последното место на табелата, а иднината на тренерот Рубен Бараха е неизвесна. Поразот од Ваљадолид, кој ги остави „лилјаците“ со само 10 освоени бодови по 15 натпревари, го натера раководството на клубот да размислува за можноста да го отпушти 49-годишниот стратег.

На овој натпревар, македонскиот голман Столе Димитриевски за првпат се најде како стартер во Ла Лига за Валенсија, но, и покрај неговите напори, прими еден гол, а тимот не успеа да избегне пораз.

Раководството на Валенсија размислува дали веднаш да го отпушти Бараха или да му даде уште два натпревари за да се обиде да ја поправи ситуацијата, бидејќи тимот се подготвува за дуели со директните ривали за опстанок – Еспањол и Алавес.

Сопственикот Питер Лим ќе ја донесе конечната одлука, која вклучува и потенцијална исплата на 5 милиони евра за раскин на договорот со Бараха. Тој е на чело на Валенсија од февруари 2023 година, но не успеа да го стабилизира тимот.

Бараха, сепак, останува оптимист.


„Жалам за резултатите и за страдањето на нашите навивачи. Но, верувам дека ова е само привремена ситуација и дека тимот ќе излезе од оваа криза. Нема да се предадеме и ќе продолжиме да се бориме“, изјави тренерот на Валенсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови