Connect with us

Челси го купува Жоао Педро за 120 милиони евра

Челси повторно се насочува кон засилување од Брајтон, откако веќе купи неколку играчи од клубот, вклучувајќи го и Моисес Каиседо. Според информациите од Островот, „сините“ се подготвени да инвестираат 120 милиони евра за да го донесат Жоао Педро во своите редови.

Жоао Педро, кој импресионира со своите настапи оваа сезона, стана еден од најбараните играчи, а покрај Челси, интерес за него покажува и Ливерпул.

Челси наводно планира да испрати официјална понуда на почетокот на 2025 година. Сепак, Брајтон нема намера да го продаде играчот за помала сума од 120 милиони евра, што ја прави потенцијалната трансакција една од најголемите во историјата на клубот.

Со оглед на тоа дека Челси веќе потроши 120 милиони евра за Моисес Каиседо, кој игра одлично оваа сезона, изгледа дека клубот не се двоуми да инвестира во проверени играчи од Брајтон за да ги засили своите редови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови