
Арне Слот, менаџерот на Ливерпул, беше прогласен за менаџер на месецот во Премиер – лигата за ноември, што претставува негово прво такво признание од преземањето на тимот. Под негово водство, Ливерпул оствари совршен резултат во лигата, победувајќи во сите три натпревари во текот на месецот.
Тимот покажа одлична ментална подготвеност и карактер, успевајќи да направи пресврт против Брајтон со победа од 2-1 на „Енфилд“. Потоа следеше рутинска победа против Астон Вила со 2-0, како и уште еден импресивен пресврт за триумф со 2-3 на гостувањето кај Саутемптон.
Слот ја доби наградата во конкуренција со Фабијан Хурцелер од Брајтон и Гери О’Нил од Вулверхемптон.
Покрај тоа, ѕвездата на тимот Мохамед Салах беше награден со признанието за играч на месецот во Премиер лигата, дополнувајќи го успехот на Ливерпул во ноември.
„Секогаш е задоволство да освоите нешто, бидејќи тоа значи дека сте победиле многу натпревари, а тоа е најважното“, изјави Слот.
„Освојувањето на ваква награда е резултат на успехот, и тоа ми носи најголема радост.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski