
Брегалница е, без сомнение, тим кој од неколку пооделни аспекти се издвојува на домашната второлигашка сцена по првиот дел од сезоната. Меѓу нив и оној резултатскиот како еден од најдобрите фудбалски колективи на Истокот. А, дефинитивно, еден од темелите на тимот е Мартин Стојанов кој зад себе остави беспрекорен месец со настапите во синиот дрес.
20-годишниот Стојанов запиша зад своето име изминатава полусезона 14 првенствени натпревари и четири во Купот на Македонија, притоа со осум постигнати погодоци од кои два во шампионатот. Сето тоа повеќе од доволно за издвојување како играч на месецот во изборот на МАКФУДБАЛ…
„За мене навистина претставува огромно задоволство што го добивам ова признание кое навистина ми значи. Ова е еден вид и признание за целиот тим и начинот на кој Брегалница функционира оваа сезона“ – вели Мартин Стојанов, притоа дополнувајќи дека амбициите на клубот секако остануваат пласман во прволигашкото друштво.
„Ако се се анализира мислам дека зад нас имаме успешна полусезона по која секако и за пролетниот дел остануваме во трката за највисоките позиции во Втората лига – Исток. Јасно е дека има повеќе квалитетни екипи кои конкурираат за водечките две позиции. Долго е првенството во кој секој е со своите цели и амбиции, но ние мора да бидеме максимално фокусирани до крај“ – истакнува Стојанов.
Брегалница по крајот на есенскиот дел се наоѓа на втората позиција на табелата во Втората лига – Исток со 31 бод, три помалку од водечката Беласица, а еден повеќе од третопласираниот Кит Го.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Евро-фудбал
Нови проблеми за Ханси Флик во Барселона

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
