Connect with us

Гвардиола откри како му влијаат поразите: Не спијам добро, имам проблеми со кожата и со храната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека има проблеми со спиењето, кожата и варењето на храната. Тој ја симна маската во интервју за „Амазон Прајм“ пред поранешниот италијански напаѓач Лука Тони, со кој го поврзува долгогодишно пријателство од времето кога беа во Бреша.


Во последните 10 натпревари, „граѓаните“ имаат само една победа и се наоѓаат во најлошата серија од 2006 година.

„Имам проблеми со кожата. Морам да земам антихистамини веќе две-три години. Понекогаш се нервирам, да. Имам лоши денови и правам многу грешки. Грубоста ме нервира. Дали понекогаш го губам разумот? Да, за жал.

Исто така, не спијам добро, имам проблеми со варењето. Секогаш морам да јадам нешто лесно. Навечер јадам само супа.

Јас сум истиот тренер кој бев пред пет месеци. Оној што ја освои титулата во Премиер лигата. Но, моменталната состојба на умот ми е лоша… Сепак, знам дека и ова ќе помине. Истото се случува кога сум многу среќен. Знам дека и тоа ќе помине“, изјави Пеп Гвардиола.

Шпанецот се надева дека Манчестер Сити со многу напори сепак ќе успее да излезе од резултатската криза.

„Во моментов, нема тренери, играчи или тимови кои не доживеале лош месец или два. Ова може да му се случи на секого. Како може работите да станат сè полоши и полоши? Пораз, пораз, пораз. Што следува? Можеби ќе ме испратат дома. Прифаќам сè што се случува, тоа е животот. Работите не секогаш одат како што сакате.

Кога Манчестер Сити ќе се стабилизира? Не сум сигурен дека тоа ќе се случи оваа сезона, во која имаме големи потешкотии. Мораме да пронајдеме стабилност. Но, ако успееме да се избориме, нема да биде лесно за противниците да се соочат со нас“, ја отвори комплетно душата Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови