Челси е близу до ангажирање на Џејдон Санчо со постојан трансфер. Во моментот, крилниот играч настапува на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен од Манчестер Јунајтед. Сепак, во клубот се многу задоволни од неговите настапи и имаат намера да го задржат на подолг рок.
Откако пристигна во Челси летово, Санчо одигра 10 натпревари, постигна два гола и оствари пет асистенции. Неговите изведби сѐ повеќе импресионираат, а менаџерот Енцо Мареска сака да го има како постојан дел од тимот.
Во договорот меѓу Челси и Манчестер Јунајтед е вклучена клаузула за откупување во износ од околу 25 милиони евра. Оваа клаузула ќе стане задолжителна, освен ако „сините“ не завршат под 14. место на крајната табела во Премиер – лигата.
Затоа, на „Стемфорд Бриџ“ размислуваат да ја активираат уште сега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













