
Италијанскиот тим Лацио ја зацврсти својата доминација во Лига Европа, заземајќи го врвот на табелата со 16 бодови по петтата победа во натпреварувањето. Лацијалите извојуваа убедлив триумф од 1-3 на гости кај Ајакс во Амстердам.
Гостите поведоа во 12. минута преку Чауна, додека Траоре донесе израмнување на почетокот од второто полувреме. Лацио, сепак, го обезбеди триумфот со головите на Деле-Баширу и Педро.
Ренџерс и Тотенхем ремизираа 1-1 во Глазгов. Домаќините поведоа преку Хамза Игамане во 47. минута, а израмнувањето за Тотенхем го донесе Дејан Кулушевски во 75. минута.
Порто ја совлада екипата на Митјиланд со 2-0, додека Реал Сосиедад беше доминантен против Динамо Киев, славејќи со 3-0. Андерлехт постигна важна победа со 1-2 на гости кај Спарта Прага.
Во натпревар полн со голови, Лион успеа да го надмине Ајнтрахт Франкфурт со 3-2. Бодо/Глимт го победи Бешикташ со 2-1, Макаби Тел Авив го совлада РФС со ист резултат, а Елфборг извојува минимална победа против Карабах од 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
