Италијанскиот калчолигаш Милан нема да може да смета на двајца фудбалери до крајот на календарската година, соопшти клубот, цитирајќи го весникот „Газета дело Спорт“. Станува збор за шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и Англичанецот Рубен Лофтус-Чик.
Двајцата беа заменети во второто полувреме од натпреварот против Црвена Звезда (2-1) во Лигата на шампионите, а утринава ги поминаа медицинските прегледи.
„Растегнување во пределот на адукторот, е дијагнозата кај европскиот шампион Алваро Мората, објавија „росонерите“. Кај Лофтус-Чик станува збор за повреда на феморалниот бицепс на десната нога.
Ова значи дека Мората ќе отсуствува најмалку две недели, додека Лофтус-Чик ќе паузира значително подолго, додека целосно не се опорави.
Повредени во таборот на Милан се и Алесандро Флоренци, Исмаел Бенасер, Ноа Окафор и Кристијан Пулишиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













