Случајот за наводното учество на Килијан Мбапе во силување во Шведска е затворен поради недостиг на докази, соопшти официјалната веб-страница на обвинителството во земјата.
Во октомври, капитенот на француската репрезентација отпатува во Стокхолм, откако не добил покана за натпреварот на националниот тим против Израел (4-1) во Лигата на нациите. Мбапе беше забележан во ресторан, а потоа и во ноќен клуб на 10 октомври. Подоцна беше објавено дека полицијата започнала истрага по пријава за силување во хотел во центарот на Стокхолм, каде што напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта. Мбапе овие информации ги нарече „лажни“. Сепак, се дозна дека жртвата го посочила како виновник за инцидентот.
Шведските обвинители објавија дека случајот е затворен поради недостиг на докази.
„За време на истрагата, едно лице беше сомничено за силување и два случаи на сексуално вознемирување. Но, според мене, нема доволно докази за понатамошна истрага и затоа истрагата е прекината. На лицето не му е поднесено обвинение за кривично дело“, изјави обвинителката Марина Чиракова во соопштението до медиумите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













