Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали не е задоволен од својот статус во Њукасл, откако се врати на теренот по долгата суспензија. Поради ова, играчот за врска веќе размислува за заминување од Премиер – лигата и евентуално враќање во италијанската Серија А.
Тонали се врати во игра кон крајот на август, но ограниченото време на теренот кое му го дава тренерот Еди Хау во последните месеци не му одговара.
Според „Газета дело Спорт“, Тонали во моментов смета дека неговата иднина е на друго место, а неговиот поранешен клуб Милан е меѓу кандидатите за неговиот потпис. Тој е познат како голем навивач на „росонерите“, а навивачите би биле воодушевени да го видат повторно на „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













