
Барселона оствари триумф на гости против Борусија Дортмунд (2-3) и стигна до 15 бода во Лигата на шампионите кои гарантираат осминафинале. Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме.
Рафиња донесе предност за гостите, а израмни Гираси од пенал. Феран Торес обезбеди нова предност за Барса, но Гираси уште еднаш успеа да израмни. На крајот, Феран Торес постигна победнички гол во 85.минута.
Јувентус го победи Манчестер Сити со 2-0 во Торино. Душан Влаховиќ на почетокот на вториот дел обезбеди водство за Јуве, а Вестон Меккени го потврди триумфот со голот во 75.минута.
Милан ја победи Црвена Звезда со 2-1, со победничкиот гол на Теми Ејбрахам во 87.минута.
Рафаел Леао донесе предност за Милан во 42.минута, а израмни Немања Радоњиќ во 66.минута од дуелот.
Арсенал го победи Монако со 3-0. Букајо Сака беше двоен стрелец, а погоди и Каи Хаверц.
Феенорд ја победи Спарта Прага со 4-2, а Штутгарт беше убедлив против Јанг Бојс и славеше со 5-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
