
Проблемите со повреди во Реал Мадрид од почетокот на сезоната како да немаат крај, а најновата се случи синоќа при победата над Аталанта во Лигата на шампионите. Француската ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, почувствува непријатност во левиот бутен мускул и беше принудно заменет.
По натпреварот, Карло Анчелоти призна за физичкиот проблем на напаѓачот, укажувајќи дека токму тоа било причина за одлуката да биде повлечен од игра уште во првото полувреме, иако го постигна првиот гол на натпреварот.
Италијанецот беше оптимистички настроен, изјавувајќи дека повредата не е сериозна, туку дека се работи за преоптоварување, но тоа конечно ќе биде јасно денес или утре кога Мбапе ќе биде подложен на детален медицински преглед за да се утврди неговата состојба.
Од почетокот на сезоната, Реал Мадрид веќе има 27 повреди на играчите, и тоа само на 23 одиграни натпревари, а оваа бројка не ги вклучува стомачните проблеми на Андреј Лунин, кој сепак не пропушти ниту еден натпревар.
Во оваа статистика се вклучени и двете тешки повреди на Дани Карвахал и Едер Милитао, кои ги скинаа предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе бидат надвор од теренот до крајот на сезоната.
Само седум играчи на „кралевите“ досега не биле на принуден медицински одмор оваа сезона и тоа се: Фран Гарсија, Антонио Рудигер, Федерико Валверде, Лука Модриќ, Арда Гулер, Ендрик и Андреј Лунин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
