
Стефан Ристовски, капитенот на Динамо Загреб, одигра клучна улога во ремито против Селтик (0-0) на „Максимир“ во шестото коло од Лигата на шампионите. Динамо сега има осум бода, а преостануваат уште два натпревари во групната фаза, гостување кај Арсенал во јануари и дуел со Милан на домашен терен. За пласман во нокаут-фазата, тимот веројатно ќе треба да освои три, а можеби и само два бода.
Ристовски не се согласува дека Динамо е во криза, иако не им оди најдобро во домашното првенство.
„Знаете ли колку поени имаме во Лигата на шампионите? Прелесно го отпишувате Динамо. Ова е единствениот клуб кој ја претставува државата во Лигата на шампионите. Кога победуваме, сите се со нас. Кога губиме, тогаш се зборува за криза. Што се однесува до повредите, ова е навистина најтешкиот период. Нешто се случува, но нема време за жалење. Мора да гледаме кон иднината и да се бориме“, истакна Ристовски.
По натпреварот со Селтик, тој го коментираше продолжението на сезоната.
„Остануваат уште два натпревари во Лигата на шампионите, но фокусот е на ХНЛ. И покрај сите проблеми, нема да се предадеме. Кога нè понижуваат и отпишуваат, тогаш Динамо е најсилен! Така ќе биде и овојпат“, изјави македонскиот интернационалец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
