Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги израдува фановите со веста дека Килијан Мбапе не е сериозно повреден.
„Кај Мбапе станува збор за преоптоварување. Килијан почувствува непријатност во бутниот мускул. Не мислам дека е нешто сериозно, но ќе дознаеме со сигурност после медицинските тестови. Не можеше слободно да трча, што го загрижи, па затоа одлучивме да го замениме“, објасни Анчелоти за принудната замена на францускиот напаѓач.
На местото на Мбапе во првото полувреме влезе Родриго.
Анчелоти се осврна и на тешката победа од 2-3 против Аталанта на гостински терен.
„Ова беше многу важна победа. Не може секој тим да победи на овој стадион. Бевме трпеливи и се боревме за трите поени. Во Лигата на шампионите, трпението е од клучно значење“, изјави Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













