Реал Мадрид успеа да слави на тешкото гостување кај Аталанта со 2-3 и значително ја подобри својата ситуација во Лигата на шампионите. Килијан Мбапе го отвори резултатот со гол во десеттата минута, но се повреди во првото полувреме и мораше да го напушти теренот.
Де Кетеларе во 45.минута од пенал израмни на 1-1, но Винисиус Жуниор и Џуд Белингам се погрижија Реал да стигне до 1-3 во вториот дел. Лукман намали, но Аталанта немаше сили за израмнување, иако во последниот напад Ретеги не реализираше огромна шанса.
Баер Леверкузен му го нанесе првиот пораз на Интер во Лигата на шампионите оваа сезона, победувајќи со минимални 1-0 во шестото коло. Натпреварот на „БајАрена“ во Германија беше без голови сè до самиот крај, кога решавачкиот погодок го постигна Норди Мукиеле.
Пари Сен Жермен беше убедлив на госит кај Салцбург и славеше со 0-3. Гонсало Рамош го отвори резултатот, Нуно Мендеш зголеми на 0-2, а третиот гол го постигна Дуе.
Баерн убедливо го победи Шахтјор so 1-5 на „Велтинс Арена“. Иако Украинците поведоа преку Кевин, Баерн брзо израмни преку Лаjмер и поведе со гол на Милер пред паузата. Во второто полувреме, Олисе погоди од пенал за 3-1, а во финишот погодуваа Мусиjала и повторно Олисе.
Во возбудлив дуел, Астон Вила триумфираше на гости против Лајпциг со 2-3. Мекгин постигна гол во третата минута, но Опенда израмни. Џон Дуран повторно ја врати предноста за Вила, пред Баумгартнер да израмни на 2-2. Конечниот триумф за Астон Вила го обезбеди Рос Баркли.
Брест го победи ПСВ со 1-0, а Клуб Бриж славеше против Спортинг Лисабон со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













