Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака да го доведе плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш, на „Етихад“ оваа зима. Бразилецот е посочен како замена за Родри, кој е сериозно повреден и нема да игра до крајот на сезоната, пишуваат медиумите на Островот.
Гвардиола многу ги цени квалитетите на Гимараеш и го има ставено на врвот на листата на посакувани играчи. 27-годишниот фудбалер игра одлична сезона за „чавките“, со три асистенции на 14 натпревари во Премиер – лигата.
Тој има договор до 2028 година, а изгледа дека Сити ќе мора да потроши значителна сума доколку сака да го доведе во своите редови, особено среде сезона. Веројатно, од „Етихад“ ќе мора да ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра за услугите на бразилскиот репрезентативец, кој има 32 натпревари и еден гол за „Селесао“.
Се зборува дека шампионот би можел да го понуди и Матеус Нуњес како дел од договорот за да ја намали цената на трансферот.
Сепак, Бруно Гимараеш не е единствената опција за „граѓаните“. Клубот има разгледано и други играчи, како Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Едерсон од Аталанта.
Во секој случај, се очекува нов централен играч за врска да пристигне на „Етихад“ во јануари. Гвардиола е свесен дека тимот страда на таа позиција по повредата на Родри и е неопходно да се засили со квалитетен фудбалер, доколку клубот сака да ги реализира високите цели за оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













