
Второлигашките возбудувања за оваа година завршуваат денеска. Од 13 часот се игра последното есенско коло, во кое лидерот Македонија ЃП гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица. Ако не загуби, сигурно ќе презими на врвот во Втората лига.
Интересен ќе биде и дуелот меѓу Башкими и Брегалница, екипи кои исто така конкурираат за највисок пласман и се во трка со Македонија ЃП.
Арсими на домашен терен го пречекува Вардар Неготино, додека Детонит Плачковица гостува во Прилеп и ќе се сретне со Победа.
Натпреварите се играат без присуство на публика поради одлуката на ФФМ и на МВР.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 15.КОЛО (денеска, 13 часот)
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Брегалница
Арсими – Вардар Неготино
Охрид – Борец
Победа – Детонит
Новаци – Кожуф
Саса – Скопје
Вардарски – Осогово

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
