Фудбалерите на Манчестер Сити минатата недела доживеаја пораз во големото дерби против Ливерпул, што очигледно ја зголеми тензијата во таборот на „граѓаните“. Инцидентот на улица, во кој беше вклучен тренерот Пеп Гвардиола, привлече големо внимание.
Гвардиола, кој беше забележан како шета во придружба на обезбедување, беше провоциран од навивач кој му префрли дека е лут поради поразот од Ливерпул.
— Spion Kop (@TheKopHQ) December 6, 2024
Провокацијата го „запали“ Гвардиола, кој се сврте и тргна да се соочи со навивачот, но обезбедувањето интервенираше и спречи ситуацијата да ескалира во физички конфликт.
Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, потврдувајќи ја напнатоста кај трофејниот тренер во последниве недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal